| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко: Tанцувајќи, се чувствувам слободно (ФОТО)

Сите десет нови кандидати во втората сезона на „Танц со ѕвездите“ веќе напорно вежбаат. Момчето на манекенката Александра Накова се пожали дека поради шоуто таа го запоставува, водителот Димитар Атанасовски, пак, вели дека нема време ни за спиење. Сепак, сите се возбудени.

Пејачот, актер и водител Влатко Илиевски за своја партнерка ја има битолчанката Марина Овезовска, која минатата сезона танцуваше со Александар Белов.

Влатко на „Фејсбук“ се пофали со неговите танцови потези и напиша дека танцувајќи, се чувствува слободно.

Почетокот на „Танц со ѕвездите 2“ е најавен  за 31 декември. Погледнете ги и останатите двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top