| четврток, 6 декември 2018 |

Бурата Ивар ги натера Норвежани да ставаат камења во џебовите (видео)

Божикното пазарење во центарот на Алесунд во Норвешка за многумина претставувало проблем поради бурата Ивар, која била толку многу силна што ветерот буквално ги туркал по улиците.

Бурата Ивар со силниот ветер разнесе сѐ наоколу, дури и го запре сообраќајот. 20.000 луѓе останаа без електрична енергија, а полицијата излезе на улиците за да им помогне на граѓаните што се движеле пешки.

Покрај полицијата, интервенирала и брзата помош поради тоа што ветрот бутнал на земја неколку постари лица.

Властите им препорачаа на луѓето да не ги напуштат своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top