Според рангирањето на магазинот „Билборд“, американската рок-група „Бон Џови“ заработила најмногу во 2013 година од турнеи, на кои одржале 90 концерти.
Групата свирела пред повеќе од два милиона обожаватели и заработиле 205 милиони долари.
По нив следуваат „Michael Jackson The Immortal World Tour“ и пејачката Пинк, додека, пак, на четврото и петто место се најдоа Брус Спрингстин и Ријана. Спрингстин заработил 147 милиони долари од 53 концерти, а Ријана на нејзината сметка ставила 137 милиони долари.
Групата „Ролинг Стоунс“ е на шестата позиција со заработка од 126 милиони долари со направени 23 концерта.
Ова е третпат „Бон Џови“ да е на врвот од листата на заработувачка од турнеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


