| четврток, 6 декември 2018 |

Гатузо местел натпревари

Против поранешниот репрезентативец на Италија и фудбалер на Милан Џенаро Гатузо е почната истрага поради местење  натпревари во италијанската Серија А.

Во полициската акција се уапсени четири лица.

Обвинителот од Кремона Роберто ди Мартино во изјави за весникот „Асошијетед прес“ потврди дека Гатузо и поранешниот фудбалер на Лацио Кристијан Броки учествувале во местење натпревари во Серија А на крајот од сезоната 2010/11 година.

Од средината на 2011 година до сега во Италија се уапсени повеќе од 50 лица поради местење натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top