Соочени сме со фактот дека нема директни разговори повеќе од една и пол година, поради тоа што другата страна нема решение за спорот и не сака да разговара, а климата се влоши значително со новата грчката влада во средината на 2012 година, вели премиерот Никола Груевски во интервју за австрискиот весник „Дие пресе“ (Die Presse).
„Грција е вешта во тоа да нè претстави како тврдоглави националисти, и поради ова, самата таа е одговорна за блокадата. Убедувањето во ова е многу полесно кога самата земја е членка на ЕУ и НАТО и комуницира секојдневно со останатите членки. А внатре во ЕУ, пак, не е потребно да се адресира економската криза која доаѓа од Атина, за да се побара компромис. Грците ова го знаат и се во удобна позиција“, изјавил Груевски.
Тој додава дека земјата пет години по ред добива позитивна препорака од Европската комисија, но Европскиот совет не презема ништо по ова, а единстеното објаснување за ова е солидарноста со Грција.
Груевски не е оптимист во поглед на грчкото претседателство со ЕУ, кое стартува од почетокот на следната година, но смета дека останува на другите земји-членки да ѝ покажат на Грција дека солидарноста има свои граници. Исто така, се работи и за почитувањето на меѓународното право бидејќи Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2011 година донесе одлука во полза на Македонија, порачал Груевски.
Според него во поглед на билатералниот проблем во Грција, виновникот е грчкиот премиер Андонис Самарас.
„Тој е еден од двајцата креатори на овој проблем. Во 1991 година заедно со тогашниот грчки премиер Константинос Мицотакис, тие го започнаа овој проблем, кој претходно не постоеше. Самарас ја изгради сопствената кариера преку националистичката реторика и конфликтот со Македонија. Како министер за култура во 2008 година, грчката стратегија беше следната, Атина мораше да го одложи решението сè додека Македонија не се распадне и биде поделена меѓу своите соседи. Денес тој користи поинаков вокабулар, но јас сметам дека неговите гледишта не се променети“, вели Груевски во интервјуото за австискиот весник.
На прашањето за тоа дали, сепак, е можен компромис сè додека Самарас е на чело на грчката влада, Груевски вели дека за да се постигне еден ваков компромис, Македонија би требало да се согласи на сите грчки барања, а тоа веќе не претставува компромис.
Во моментот, расположението меѓу двете страни за постигнување на некакво решение е на најниско ниво, а полош партнер за Македонија, од сегашната грчката влада не може да има, изјавил македонскиот премиер, додавајќи дека не би шпекулирал околу тоа дали би можело да постигне решение, доколку се промени власта во Грција.
Економската криза не е главната причина поради тоа што Атина не сака да разговара за спорот за името, смета Груевски, но додава дека со ова секако ситуацијата сè повеќе се комплицира, и и дава алиби на Атина пред своите европски партнери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


