| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 321 килограми марихуана во Албанија, дилерот скокнал во река

Албанската полиција заплени 321 килограми марихуана во џип „ренџ ровер“, а нарко дилерот успеал да побегне откако скокнал во реката Вјоса.

 Според информациите на тамошните власти, возачот на автомобилот бил од селото Лазарат, место во кое масовно се произведува марихуна и кое до скоро беше недостапно за полицијата. Дрогата била запленета во близина на градот Џирокастро, во јужниот дел на земјата.

Грчката и албанската полиција во текот на 2012 година запленија повеќе од 50 тона марихуана произведени во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top