| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ без минутажа, Хоукс подобар од Лејкерс

Перо Антиќ не настапи против Лос Анџелес лејкерс, а неговиот тим Атланта хоукс го доби дуелот со популарните „езерџии“ и славеше со 114-100. Најефикасен беше Ал Хорфорд со 19 поени, а имаше и 11 скока. Кај поразената екипа потфрли Коби Брајант со ефект од скромни 8 поени и шут од поле 4-14.

За истакнување е неверојатното шоу на Џо Џонсон од Бруклин нетс во победата против Филаделфија од 130-94. Џо постигна 37 поени, а во третата четвртина погоди импресивни 8 тројки за период од 12 минути. Во претпоследниот квартал од играта забележи 29 поени, што е извонреден ефект.

Во дербито на вечерта кошаркарите на Лос Анџелес клиперс ги декласираа ривалите од Сан Антонио со 115-92. Крис Пол го надигра Тони Паркер, и тоа беше клучно за уверлива победа на домашниот тим. Пол постигна 23 поени, а малку му фалеше за трипл-дабл. Олстар-бекот оствари и 8 скока и 7 асистенции, а Паркер на спротивната страна уфрли само 8 поени. Најефикасен на мечот беше Блејк Грифин со 27 поени.

Резултати: Индијана – Детроит 96-101, Атланта – Л.А. лејкерс 114-100, Мајами – Јута 117-94, Бруклин – Филаделфија 130-94, Њујорк – Вашингтон 101-102, Чикаго – Орландо 82-83, Л. А. клиперс – Сан Антонио 115-92.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top