| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Божиновски сè уште не е дел од обвинението за „Шпион“?!

Zoran-Bozinovski

Новинарот Зоран Божиновски, кој е во екстрадициски притвор во Србија, засега не е дел од обвинението на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈО), кое го покрена против 18 од 20 осомничени во полициската акција „Шпион“, открива „Плусинфо“.

Од поднесените крвични пријави против дваесеттемина, кои се товарат за злосторничко здружување, шпонажа, измама, уцена, издавање државна тајна и недозволено поседување оружје, според соопштението објавено на официјалната страница на ОСС1, освен Божиновски, не се опфатени ниту велешанецот Борис Перков кого чешката полиција го уапси по меѓународна потерница, а органите на прогонот сè уште го бараат и Јане Младеновски. Божиновски и Перков чекаат да бидат екстрадирани во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top