| четврток, 6 декември 2018 |

ОМД го повикува Европскиот совет да одреди датум за преговори за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повикува Европскиот Совет да одреди датум за преговори на декемврискиот самит кој ќе се одржи во четврток (19-ти декември). Македонија е кандидат за членство од 2005 година и ги исполнува сите услови за да почни со преговори. Земајќи ги во предвид тешкотиите со кои Македонија се соочи во последните две децении, државата сепак успеа да ја зајакне економијата, демократијата и правниот систем, се вели во соопштението на ОМД.

омд

ОМД го повикува Европскиот Совет да одреди датум за преговори почнувајќи најрано во јануари 2014-та година. Грција ќе го превземе претседателството на Европската Унија следниот месец, десет години откако ја предводи Солунската Агенда чија цел беше да го интегрира Западниот Балкан во ЕУ до 2014 година.

– Доколку Грција дозволи да се закаже датум за преговори,  ќе одигра значајна улога за стабилноста во регионот. Иако Европската Комисија соопшти дека Македонија треба да се подобри во полето на слобода на медиумите, владење на правото и јавната администрација, на државата и треба датум за преговори за да добие сила да ги спроведе потребните реформи, велат од Обединетата македонска дијаспора.

ОМД исто така нагласува дека потребна е поголема соработка со соседните земји со цел да се подобрат добрососедските односи. Но, таква соработка се основа на реципроситет, взаемна почит, и разбирање. Поточно, реципроситет се бара во полето на заштитата и признавањето на националните и јазични малцинства во соседните земји на Македонија.  Таквото признавање значително ќе ги подобри добрососедските односи во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top