Светскиот шампион во тешка категорија во WBC верзија Виталиј Кличко се повлече од овој спорт за да и се посвети на политиката.
Одборот на директори на WBC го прогласија Кличко за почесен шампион и му пружија целосна подршка на неговите политички активности во Украина.
– Им благодарам на WBC и претседателот Дон Хос Сулејман на подршката во нашата борба за слобода и демократија во Украина. Ми беше чест да бидам шампион и секогаш ќе бидам горд на тоа – изјави Кличко.
Титулата почесен шампион се доделува на боксерите кои ја завршиле кариерата додека биле шампиони и им остава можност да се борат за титула ако решат да се вратат на спортот. Кличко во септември наполни 42 години.
– Оваа ситуација остава теоретска можност да се вратам во рингот, но не можам да размислувам сега за тоа. Сега сум потполно посветен на политиката во Украина и чувствувам дека сум им потребен на овие луѓе. Мојот брат Владимир ќе носи нови спортски успеси, а јас ќе го подружувам – додаде Кличко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.