Популарната пејачка Бритни Спирс моментално е ангажирана околу подготовките за нејзините концерти кои ќе се одржуваат во перод од две години во Лас Вегас, но тоа за малку ќе ја чинело живот.
Во нејзиниот нов документарен филм „Јас сум Били Џин“ пејачката рече дека морала да паузира со пробите, бидејќи за влакно ја избегнала смртта.
– Неколку дена не одев на пробите, бидејќи паднав многу незгодно и при самата помисла на падот уште ми е лошо. Можев да го скршам вратот и да умрам на место – изјави Бритни.
Таа додаде дека е многу загрижена дали ќе успее да се снајде на сцената за време на првиот настап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.