Легендарниот Харис Џиновиќ на концертот во Скопје на 21 декември премиерно ќе ја испее песната „Калуп”. На сценатa во Метрополис арена македонската публика, прва ќе има ексклузивна можност да ја слушне најновата музичка приказна на човекот чии песни ги знае цел Балкан.
„Муштулук”, „Пусти ме” и останатите безвременски хитови ќе бидат само потсетување додека пак „Калуп” ќе биде сосема ново освежување на досегашната концертна приказна на Џиновиќ во Скопје. На 21 декември сцената во Метрополис арена ќе ја подели со момците кои од почетоците до денес собираат симпатии од публиката на сите настапи, Амадеус Бенд.
Влезниците за оваа новогодишна журка која само ќе ја разгори предновогодишната еуфорија, се при крај. Организаторите на само неколку дена до оваа голема предновогодишна журка, велат дека арената е скоро распродадена. На задоволство на сите кои што веќе обебзбедија присуство како и на сите останати кои што во деновите кои што следат ќе го обезбедат истото, организаторот најавува уште едни ексклузививни гости. Либеро Бенд.
Македонскиот бенд кој почна со бројни настапи низ македонските кафулиња и дискотеки а сега веќе работат и на свој материјал и песни. Либеро бенд на 21 декември на сцена ќе застанат рамо до рамо со регионалните Амадеус бенд.
За да бидете комплетно подготвени за оваа предновогодишна концертна приказна со Харис Џиновиќ и Амадеус бенд во главна улога и песната „Калуп”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


