
Новогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ ќе се одржи утре, вторник, 17 декември, во Домот на АРМ во Скопје (19 часот). Оркестарот ќе изведе репортоар од различни нумери од познати домашни и светски автори.
На Новогодишниот концерт на Воениот оркестар ќе присуствуваат припадници на Министерството за одбрана, Генераштабот на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и воените аташеи акредитирани во Република Македонија.
Во текот на 2013 година, Воениот оркестар имаше успешен настап во повеќе градови низ Република Македонија, каде граѓаните на Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Радовиш и Струмица имаа единствена прилика да уживаат во изведбите на познати музички дела од странски и домашни автори, како дел од проектот за јакнење на цивилно-воената соработка, но и за приближување на Армијата до граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


