
Славниот режисер Џејмс Камерун најави дека ќе снима три продолженија на својот револуционерен филм „Аватар“ на Нов Зеланд.
Филмовите, кои имаат вкупен буџет од 415 милиони долари, ќе бидат снимани истовремено, а во киносалите ќе се прикажуваат од 2016 година.
Нов Зеланд, покрај субвенции, ќе понуди и висококвалитетна продукциска екипа и врвни специјални ефекти.
– Сум работел со екипи од целиот свет, најчесто од САД и од Канада, но тие немаат таква искра – изјави Камерун.
Првиот „Аватар“ се појави во 2009 година и сѐ уште е филм со најголеми приходи на сите времиња. „Аватар“ заработи 2,78 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


