| четврток, 6 декември 2018 |

Човечки фактор, најверојатно, е причината за судирот на возовите кај Велес

Причината за синоќешниот судир на возовите кај Велес, најверојатно, е човечки фактор бидејќи системите за сигнализација на пругата кај железничката станица „Рајко Жинзифов“ функционирале беспрекорно, рече денеска на прес-конференција директорот на „МЖ Транспорт“ а.д. Скопје, Оливер Деркоски.

Според Деркоски, и покрај првичните информации, не треба да се прејудицира и треба да се почека конечниот извештај од комисијата која работи на расветлување на целиот случај, а кој се очекува да биде готов најдоцна задутре.

Во случај да се утврди дека причина за несреќата е човечки фактор, ќе се постапи во согласност со прописите од законите за железнички систем и за бебзедност во железничкиот сообраќај, со кои се предвидени прекин на договорот за вработување и надомест на настаната штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top