| четврток, 6 декември 2018 |

Анка Гиева – Преку песната постигнав сѐ

Нѐ пре­че­каа со цр­вен ки­лим. Ба­дев го но­сеа на ра­ме­на, а по нас тр­чаа да им да­де­ме авто­гра­ми. Бев­ме вчу­до­ви­де­ни од го­ле­ми­от пуб­ли­ци­тет. На си­те ве­сти има­ше ин­фор­ма­ци­ја за на­ши­от пре­чек. На­шин­ци­те во Австралија ни се ра­ду­ваа до бе­скрај

Anka-Gieva-1

По­че­то­ци­те на неј­зи­на­та бле­ска­ва му­зич­ка ка­ри­е­ра се во да­леч­ни­те пе­де­сет­ти го­ди­ни од ми­на­ти­от век. Ка­ко 12-го­диш­но де­вој­че би­ла член­ка на кул­тур­но-умет­нич­ко­то друш­тво „Ор­це Ни­ко­лов“ од Скоп­је. Во друш­тво­то и пе­е­ла и игра­ла. Неј­зи­на­та пре­го­ле­ма жел­ба за пе­е­ње во 1957 го­ди­на ја од­не­ла во то­гаш­но­то ра­дио Скоп­је ка­де што ис­пе­а­ла мош­не те­шка ру­ба­то пес­на со нас­лов „Ов­ца ро­гу­ша“.

Ко­га ја слуш­на­ле чле­но­ви­те на ор­ке­ста­рот што ја при­дру­жу­вал вед­наш сфа­ти­ле де­ка пред се­бе има­ат мла­да и не­ве­ро­јат­но та­лен­ти­ра­на ин­тер­пре­та­тор­ка. На­бр­гу по­тоа ја сни­ми­ла и пес­на­та „Еле­но ќер­ко“, ко­ја ја на­у­чи­ла од ба­ба ѝ Фи­ља Ал­че­ва од Ве­лес, поз­на­та илин­ден­ка. Не­кол­ку го­ди­ни по­доц­на Ан­ка ста­на­ла член­ка на Скоп­ска­та опе­ра ка­де што во­нред­но по­се­ту­ва­ла ча­со­ви во сред­на­та му­зич­ка шко­ла кај про­фе­со­рот Ко­ста Трп­ков. Та­му мош­не ус­пеш­но го усо­вр­ши­ла сво­јот глас, што ѝ би­ло од иск­лу­чи­тел­на важ­ност во на­та­мош­ни­от раз­вој на ка­ри­е­ра­та.

Anka-Gieva-2

Турнеја во Мелбурн, Австралија

– Се се­ќа­вам ка­ко да бе­ше вче­ра, низ нас­ме­вка ве­ли се­га ве­ќе 74-го­диш­на­та пе­јач­ка. Тоа бе­ше пер­и­од ко­га тре­ба­ше да ре­шам да­ли да би­дам опер­ска пе­ви­ца или да про­дол­жам со на­род­на­та му­зи­ка. Се ре­шив за вто­ро­то и ни­ко­гаш во жи­во­тот не се по­ка­јав. На­бр­гу по­тоа се слу­чи и пр­ва­та тур­не­ја низ по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја, ко­ја тра­е­ше це­ли три ме­се­ци. Со ор­ке­ста­рот на Сте­во Те­о­до­си­ев­ски бев­ме јас, Ва­ска Или­е­ва и Ни­ко­ла Ба­дев.

Во 1958 го­ди­на таа ста­на­ла екск­лу­зи­вец на ПГП–РТБ . На пр­ва­та сни­ме­на пло­ча ѝ би­ле пес­ни­те „Еле­но ќер­ко“ и на­род­на­та пес­на „Мај­ка на Ма­ри­ка“. На тие ју­гос­ло­вен­ски тур­неи со нив на­ста­пу­ва­ле и срп­ски­те пе­ја­чи Пре­драг Гој­ко­виќ – Цу­не, Ле­па Лу­киќ, хар­мо­ни­ка­шот То­зо­вац, а со Не­да Укра­ден има­ла за­ед­нич­ка тур­не­ја низ Евро­па.

Ка­ко пе­јач­ка прем­но­гу би­ла по­чи­ту­ва­на во Ср­би­ја и мно­гу че­сто на­ста­пу­ва­ла во До­мот на син­ди­ка­ти­те во Бел­град, што во тоа вре­ме би­ло пре­стиж. Че­сто би­ла ка­не­та да пее на го­ле­ми ма­ни­фе­ста­ции, а не­кол­ку­па­ти пе­е­ла и пред мар­ша­лот. Се­ко­гаш пе­е­ла во жи­во, а за плеј­бе­кот ве­ли де­ка е са­мо ма­ме­ње на пуб­ли­ка­та.

Anka-Gieva-4

Анка во Домот на синдикати во Белград

Се­пак во неј­зи­но­то најд­ла­бо­ко се­ќа­ва­ње ќе оста­не пр­ва­та тур­не­ја во Ав­стра­ли­ја ка­ко гру­па „Ки­тка“ во ко­ја по­крај Ан­ка би­ле и Ни­ко­ла Ба­дев, Са­ри­ев­ски и Ви­о­ле­та То­мов­ска при­дру­жу­ва­ни од ор­ке­ста­рот на Ко­чо Пе­тров­ски.

– Та­ква еу­фо­ри­ја не­мам ни­ко­гаш и ни­ка­де до­жи­ве­а­но. Нѐ пре­че­каа со цр­вен ки­лим. Ба­дев го но­сеа на ра­ме­на, а по нас тр­чаа да им да­де­ме авто­гра­ми. Бев­ме вчу­до­ви­де­ни од го­ле­ми­от пуб­ли­ци­тет. На си­те ве­сти има­ше ин­фор­ма­ци­ја за на­ши­от пре­чек. На­шин­ци­те ни се ра­ду­ваа до бе­скрај, а дру­ги­те Ав­стра­лиј­ци нѐ пре­че­каа со огром­на по­чит.

На таа тур­не­ја со за­до­волс­тво се при­се­ту­ва и неј­зи­на­та ко­ле­шка и го­ле­ма при­ја­тел­ка Ви­о­ле­та То­мов­ска:
– По­сто­ја­но бев­ме за­ед­но. Со Ан­ка спи­ев­ме во иста со­ба. Де­нот не ни поч­ну­ва­ше без чо­ко­ла­да, а јас не из­ле­гу­вав на сце­на­та без прет­ход­но на Ан­ка да ѝ ја на­пра­вам фри­зу­ра­та и уба­во да ја наш­мин­кам. Иа­ко таа е не­кол­ку го­ди­ни по­во­зрас­на од ме­не, ние бев­ме ви­стин­ски дру­гар­ки и до­се­га во жи­во­тот ни­што не сме си згре­ши­ле.

Anka-Gieva-5

Гиева и Томовска на концертот на Неда Украден во Скопје

Во 1958 го­ди­на, на ини­ци­ја­ти­ва на Сте­во Те­о­до­си­ев­ски и на та­па­на­рот од ра­дио-ор­ке­ста­рот на Ме­то­ди­ја – Смол­ски, со Дра­ги­ца Ма­вров­ска за „Ју­го­тон“ во За­греб сни­ми­ле во ду­ет не­кол­ку ром­ски пес­ни. Ед­на од пес­ни­те, ко­ја вед­наш ста­на­ла хит, би­ла „Ба­шал, ба­шал Се­ља­дин“, ис­пе­а­на во чест на кла­ри­не­ти­стот од „Та­нец“, Се­ља­дин. Дру­ги­те пес­ни би­ле „Оф, оф Ка­ме­раф“, „Ај­де чае ми чар­ши­је“, „Амен са­ма бу­тро­ма“. По­доц­на овие пес­ни ги пе­е­ја мно­гу пе­ја­чи низ по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја.

Ве­чер­та по ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес во Скоп­је, Ан­ка со не­кол­ку­ми­на на­ши пе­ја­чи тре­ба­ло да одр­жат кон­церт во Са­ра­е­во. Но, ко­га утро­то слуш­на­ле за тра­гич­на­та вест, вед­наш се вра­ти­ле за Скоп­је, а кон­цер­тот бил отка­жан. На­бр­гу по­тоа сле­ду­ва­ла го­ле­ма ху­ма­ни­тар­на тур­не­ја низ ју­гос­ло­вен­ски­те про­сто­ри, а средс­тва­та би­ле со­би­ра­ни за об­но­ва на гра­дот Скоп­је. Ан­ка че­сто учес­тву­ва­ла и на ху­ма­ни­тар­ни кон­цер­ти ор­га­ни­зи­ра­ни од Цр­ве­ни­от крст. Ка­де и да оде­ле, со се­бе но­се­ле пол­ни ку­фе­ри по­сте­ри и фо­то­гра­фии. Пуб­ли­ка­та на­се­ка­де ср­деч­но ги пре­че­ку­ва­ла и од нив ба­ра­ла по не­што за спо­мен. Ан­ка по­ве­ќе­па­ти учес­тву­ва­ла на по­гра­нич­ни­те сред­би со Бу­га­ри­ја и со Гр­ци­ја ка­де што неј­зи­ни­те пес­ни од на­шин­ци­те пре­ку гра­ни­ца­та би­ле при­фа­те­ни со по­себ­ни емо­ции.

Anka-Gieva-3

Награда од Македонската естрада 1985

Во ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја по­стои ан­то­ло­ги­ска ви­де­о­ка­се­та со сни­ме­ни спо­то­ви за 18 пес­ни на раз­лич­ни ло­ка­ции низ Ма­ке­до­ни­ја. Еден при­ме­рок Ан­ка љу­бо­мор­но го чу­ва во сопс­тве­ни­от дом. А, та­му, во неј­зи­на­та со­ба, има ал­бу­ми со фо­то­гра­фии и не­кол­ку сли­ки за­ка­че­ни на ѕи­дот. Пре­ли­сту­вај­ќи ги ал­бу­ми­те во еден миг ше­го­биј­но про­ко­мен­ти­рав гле­дај­ќи во ед­на од фо­то­гра­фи­и­те:

– Ех, Ан­ке, Ан­ке што си би­ла тен­ка и уба­ва!

Во тој мо­мент не­мо­жев, а да не ја пра­шам да­ли та­гу­ва по мла­до­ста и по ми­на­ти­те до­бри вре­ми­ња.

– Не. Јас, глав­но, го жи­ве­ев жи­во­тот та­ка ка­ко што са­кав. Со пес­на­та по­стиг­нав сѐ. Во се­кој пер­и­од од мо­јот жи­вот бев среќ­на со тоа што го пра­вам. И се­га сум среќ­на и за­до­вол­на од жи­во­тот. Прем­но­гу ги са­кам мо­јот син Але­ксан­дар, сна­а­та Лил­ја­на, а мо­ја по­себ­на ра­дост е вну­кот Го­разд – ми одговори Анка.

Ина­ку, Ги­е­ва по­тек­ну­ва од ста­ра скоп­ска фа­ми­ли­ја, неј­зи­на­та мај­ка би­ла бол­ни­чар­ка, а та­тко ѝ за­на­ет­чи­ја.

Во неј­зи­на­та му­зич­ка ка­ри­е­ра до­би­ла по­ве­ќе на­гра­ди и приз­на­ни­ја, а по­себ­но ѝ се дра­ги пла­ке­та­та од естра­да­та на по­ра­неш­на­та Ју­гос­ла­ви­ја и пла­ке­та од естра­да­та на Ма­ке­до­ни­ја. Во 2001 го­ди­на то­гаш­но­то ра­дио „Рос“ ѝ до­де­ли на­гра­да за жи­вот­но де­ло. Но, не­ос­тва­ре­на жел­ба на Ан­ка е да ја до­бие на­гра­да­та „11 Октом­ври“ и по­тај­но се на­де­ва де­ка и тоа ќе се слу­чи, ка­ко кру­на на сѐ што оста­ви­ла во ма­ке­дон­ска­та му­зич­ка риз­ни­ца.

Од неј­зи­ни­от бо­гат му­зич­ки ре­пер­то­ар ќе ги изд­во­и­ме след­ни­ве пес­ни

– Пи­ле­то ми пее
– Ка­жи, ка­жи ли­бе Ста­но
– Ка­леш Ан­ѓо
– Крај Вар­да­ра се­де­ше
– Да сум би­стра во­да
– Еле­но ќер­ко
– Мајка на Марика

Текст објавен во 9. број на неделникот Република (2 ноември 2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top