
Новото свежо полномасно млеко е богато со протеини, витамините А, Б и Д, минерали, јагленохидрати, калциум и други состојки кои се неопходни за нашето здравје. Полномасното свежо млеко особено е корисно за децата и нивната секојдневна исхрана поради богатството од протеини и калциум, додека масленоста од 3,5% на свежото млеко овозможува сите хранливи состојки и витамини организмот многу полесно да ги апсорбира.
– Идејата за новиот производ произлезе од потребата на потрошувачите за поздрав начин на исхрана кој вклучува повеќе свежи производи. Новиот производ од „Бимилк“ ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Свежото битолско млеко е похранливо, повкусно и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на „Бимилк“.
Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко поминува процес на бактофугирање и термичка обработка со пастеризација, со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Технологијата што се користи во целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекарница, се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.
Во согласност со светските трендови во млечната индустрија и барањата на потрошувачите, „Бимилк“ во иднина планира да го прошири своето портфолио на свежи млека.
Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната – ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечната индустрија на Балканот – Danube Foods Group.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


