Демијан Лилард му донесе 21. победа на Портланд со прецизен удар за успех против Детроит од 111-109. Мечот беше решен по едно продолжение, а екипата со најмногу победи во НБА моментно, се спаси од пораз во регуларниот дел. Детроит имаше предност од 99-96 во последната минута, но домаќините не успеаја да се одбранат докрај, па Портланд израмни на 99-99. Во дополнителните 5 минути повторно беше неизвесно, а Лилард ги разреши дилемите околу победникот.
Тој постигна 23 поени, Лемаркус Олдриџ уфрли 4 повеќе. Најефикасен на мечот беше Џош Смит од Детроит со 31 поен.
Рекордна 12 победа на домашен терен во низа забележаа кошаркарите на Оклахома тандерс. Со 101-98 Дурент и соиграчиоте го победија Орландо. Популарниот Дурантула постигна 28 поени, зад него е Расел Вестбрук со 20 поени. Кај Орландо прв стрелец беше Арон Афало со 25 поени.
Високите играчи на Минесота, Кевин Лав и Никола Пековиќ доминираа под обрачите против Мемфис, а нивниот тим го совлада незгодниот ривал по серија од 11 порази во меѓусебните дуели. Лав постигна 30 поени, Пековиќ уфрли 19 поени, а Минесота победи со 101-93.
Во останатите натпревари Сакраменто го надигра Хјустон со 106-91, Денвер беше подобар од Њу Орлеанс со 102-93, а Феникс со 106-102 славеше против Голден стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


