Пет машки лица на возраст од 20 до 41 година се повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Долно Лисиче-Драчево во близина на железнички премин. Несреќата се случила синоќа околу 21 часот. Според првичните информации, со тешки повреди се здобил дваесет и шестгодишниот сопатник И.М.. Тој бил во автомобилот „лада самара“, управувана од неговиот роднина 29-годишниот Ф.М., удрил во столб од железничкиот премин и се превртел.
Во несреќата се повредени и роднините А.С. (41) и Н.С. (36), а со повреди се здобило и 20-годишното момче Д.М. Сите лица се пренесени во градската болница „Наум Охридски“, каде што се задржани на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил