Осумдесет и двегодишна жена од Богота во Колумбија подолго време трпела силни болки во стомакот. По скенирањето лекарите во нејзиниот стомак откриле фетус кој бил стар 40 години, пренесуваат странските медиуми.
Оваа состојба е позната како камено бебе или lithopedion . Наскоро фетусот кој е главно составен од мртви клетки ќе биде отстранет со хируршка интервенција.
Засега има 300 случаи со ваков проблем во светски рамки. Д-р Рамирез Кемер од болницата во Богота за прв пат кај пациентката се посмневал дека има проблем со жолчката. Но по ултразвучниот преглед се посомневал во нешто и ја упатил на скенер.
– Ова се случува бидејќи фетусот не се развил во матката туку се преселил на друго место – изјавил докторот. Пациентката била префрлена во друга болница кадешто ќе и ја прават операцијата.
Пред три години кај 92 годишна кинескиња бил откриен фетус стар 60 години, а првиот случај на скаменет фетус е регистриран 1582 година, во Франција. Со аутопсија кај 68 годишна жена бил откриен фетус стар 28 години .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Колумбијците гласаа за десницата, загрозен мировниот договор