Горан Пандев вечерва доби признание од Наполи за стотиот настап (јубилејниот меч го одигра во минатото коло) во дресот на клубот од Неапол, а немаше среќа со гол да го круниса славјето. Во 91 минута македонскиот интернационалец влезе во игра, а веќе во следниот напад за Наполи беше досуден пенал при резултат 4-2. Пандев упати удар, но Хандановиќ одбрани, со што остана истиот резултат, кој беше и конечен во дербито на 16. коло во Италија.
Претходно работата ја завршија Игуаин, Мертенс, Џемаили и Калјехон со по еден погодок во мрежата на гостите од Милано. За Интер стрелци беа Камбијасо и Нагатомо. Наполи по 16 кола е на третото место со 35 бода, 8 зад лидерот Јувентус и два зад Рома, која има меч помалку. Интер е петопласиран со 28 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја