| четврток, 6 декември 2018 |

Адријана Лима: Јас сум баба помеѓу ангелите на Викторија Сикрет

Со стажот што го има како „ангел“ на Викторија Сикрет, Адријана Лима може да биде прогласена за баба помеѓу останатите „ангели“. Лима и Александра Амброзијо шетаат на пистата од овој моден спектакл веќе тринаесет години, но Адријана сé уште не се уморила од рекламирањето на екстравагантна долна облека.

-Дефинитивно сум баба –  низ смеа прокоментирала Адријана во разговор за „Вог“.

Лима е задоволна и горда што успеала толку долго да биде дел од овој спектакл и додава дека секогаш ги поддржува новите девојки.

-Ми се допаѓа вкусот на тимот од Викторија Сикрет, бидејќи секогаш бираат возбудливи девојки – вели Адријана.

Таа директно од Лондон заминува за Дубаи каде има професионални ангажмани, а потоа ќе отпатува во својот дом во Мајами каде ќе го помине Божиќ со својот сопруг и двете ќерки Сијена и Валентина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top