Јувентус брзо ја преболе елиминацијата во Лигата на шампионите и со победа од 4-0 против сасуоло ја продолжи доминацијата во Серија А. Карлос Тевез постигна хет-трик, а еден погодок постигна Пелусо. Ова беше осмата победа на „старата дама“ во домашното првенство и на секој од тие мечеви Буфон остана несовладан.
Мечот против новакот во калчото, Сасуоло, Јувентус го реши по првиот дел, кога беше 3-0 за домашната екипа. Во продолжението Тевез уште еднаш беше прецизен за конечни 4-0. Јувентус е лидер со 43 бода, 6 повеќе од Рома, екипа што има еден меч помалку. Сасуоло е 17. со 14 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја