Во северниот дел на Ирак денеска вооружени напаѓачи ја убија телевизиската водителка Наврас ал-Нуаими, која е шести новинар убиен во земјата во последните три месеци, а во други напади загинаа уште 18 лица.
Ал-Нуаими е убиена во близина на нејзиниот дом во Мосул. Таа е дури петти новинар кој е убиен во Мосул од октомври.
Мосул, каде поголемиот дел од населението се сунити, е еден од најопасните градови во Ирак, каде милитантите често вршат вооружени напади.
Од денешните бомбашки напади во Ирак најсмртоносен беше во провинцијата Дијала, каде во експлозија на бомба во близина на куќата на семејство на туркменски шиити загина маж, неговата сопруга и трите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


