Требаше да биде дерби во Премиерлигата, дуел меѓу Тотенхем и Ливерпул, но испадна рутинска прошетка за гостите во Лондон и блескава победа од 5-0. Пукна петарда во мрежата на Лорис, а расположените играчи на Ливерпул предводени од двојниот стрелец Луис Суарес предаваа лекција од модерен фудбал.
Уругвајскиот напаѓач беше незадржлив, а покраја двата погодоци во 18. и 84. минута, уште двапати асистираше при головите на Фланаган и на Стерлинг. Мрежата на Лорис ја погоди и Хендерсон за неочекувано висока победа на Ливерпул.
Кај домаќините црвен картон доби Паулињо во 63. минута, а повторно е разнишана позицијата на Вилјаш Боаш. Менаџерот на Тотенхем губи втор меч со огромна разлика, по поразот од 0-6 против Манчестер сити пред 5 кола.
Ливерпул се проби на втората позиција со 33 бода, идентично како Челси, а пред нив е само лидерот Арсенла со 35 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


