| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец заработи кривична пријава за обид за убиство – го прегазил и сопствениот брат

Скопската полиција ќе поднесе кривична пријава против дваесет и тригодишниот Д.М. за обид за убиство.

Според информациите на полицијата, пријавениот на 7 декември во 3 часот во село Јурумлери, управувајќи патничко моторно возило „форд ескорт“ со скопски регистарски таблички, сопственост на неговиот татко Т.М., удрил во Ј.М. (неговиот брат) и В.Б., двајцата од Јурумлери.

Според истрагата, кратко откако Д.М. заедно со својот брат излегол од ноќниот клуб „Лалара“ настанала тепачка во која учествувале двајцата, В.Б., Б.Ј. и непознато лице. Во тој момент, пријавениот влегол во возилото, го стартувал и со голема брзина, директно го насочил во правец на групата која ја сочинувале наведените лица кои во тој момент се тепале и со голема сила и брзина удрил во три од нив, бидејќи четвртото во последен момент се извлекло од удар. Д.М. директно го прегазил и сопствениот брат така што прво го удрил со возилото, по што со предните тркала преминал преку него и тој, по ударот, останал под возилото.

Од силината на ударот двете прегазени лица здобиле тешки телесни повреди, а повреди имал и Д.М., како последица од претходна тепачка во која учествувале наведените лица, како и Б.Ј. од село Јурумлери и едно непознато лице.

Сите се префрлени во Ургентниот центар на лекување.

Во СВР Скопје се извршени службени разговори со пријавениот, повредените и третиот учесник во тепачката. Д.М. потврдил дека со возилото го удрил својот брат и уште едно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top