| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими на клупа, Кајлари без голови против Парма

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими не доби шанса да настапи за Калјари против Парма, а мечот од 16. коло заврши без голови. Тоа е единствениот дуел во Серија А каде мрежите мируваа денеска.

Најуверлива победа забележа Фиорентина, а настрада Болоња со пораз во Фиренца од 0-3. Иличиќ, Валеро и Роси беа стрелци за доманиот состав. И Лацио нема ше проблеми и забележа рутинска победа против Ливорно со 2-0, со голови постигнати во првото полувреме. Мирослав Клосе на двапати беше прецизен за нов триумф на „лацијалите“.

Со идентичен резултат, но на гости Торино го победи Удинезе, Сампдорија забележа значен успех проти Киево во Верона со 1-0, а нерешено, 1-1,  заврши мечот меѓу Џенова и Аталанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top