Во Бангладеш продолжуваат насилните протести поради егзекуцијата на исламистичкиот лидер Абдул Кадер Молах, а во судирите меѓу демонстрантите и полицијата загинаа 13 луѓе.
Молах, кој беше осуден за воени злосторства направени во 1971 година, егзекутиран е пред три дена, а премиерката Шеик Хасина Вазед денеска предупреди дека државата ќе преземе акција.
– Доволно бевме трпеливи. Нема да толерираме насилство – истакна Вазед додавајќи дека Владата ќе одговори на насилството.
Полицијата утрово отвори оган откако исламистите запалија дваесетина куќи на припадници на владејачката партија Авами лига и се судрија со полицијата.
Шест лица загинаа денеска во градот Патграм во североисточниот дел од земјата, а седуммина загинаа во други места во текот на ноќта. Од четвртокот до денеска во немирите загинаа 22 луѓе, а десетици се повредени во судирите меѓу активисти на опозицијата и полицијата, како и со приврзаници на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


