| четврток, 6 декември 2018 |

Ја срушил куќата која му била под хипотека и ја истоварил пред банка

куќа

Жител на Бугарија ги дал последните пари за да ја сруши куќата во која живеел со своето семејство. Куќата му била под хипотека и семејството немало пари да го отплатува кредитот.

Земјиштетот на кое била изградена куќата не било вклучено во хипотеката, па семејството одлучило да ја сруши куќата и да ја предаде на банката. Откако ја срушиле куќата, шутот и отпадот го истовариле пред банката каде што ја имале хипотеката.

На крајот, уште сакале и да си поиграат со банкарите, па влегле во банката плачејќи и молејќи ги вработените. Но, директотот на банката бил категоричен и не сакал да направи отстапка. Тогаш, човекот кој ја срушил куќата, излегол од банката и му довикнал на зетот.

– Зете, истоварај!

Зетот инаку бил возач на камион, кој ја истоварил срушената куќа пред банката и за поздрав свирнал со свирката во камионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top