| четврток, 6 декември 2018 |

Три македонски филма на европскиот фестивал во Франција

панкот не е мртов

Три македонски филма, „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска, „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски и „Алерик“ на Вук Митевски, ќе бидат прикажани во рамки на специјалната селекција од земјите од Балканот на европскиот филмски фестивал во Арк, Франција.

„Алерик“ ќе биде прикажан во специјалната селекција на краткометражни филмови од земјите од поранешна Југославија. Филмот се најде во специјалната компилација на ДВД на француската специјализираната ревија за краткометражни филмови „Бреф“, посветен на земјите од поранешна Југославија.

Ова е петто издание на европскиот филмски фестивал од Арк.

Во каталогот на фестивалот има и реклама за можностите кои ги дава Република Македонија како дестинација за снимање филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top