| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска со танцување и песна ќе биде погребан Мандела

mandela-coffin

Нелсон Мандела, поранешниот претседател на Јужноафриканската република (ЈАР) ќе биде погребан денеска во неговото родно село Куну. На неговиот погреб ќе присустуваат повеќе од 4.500 луѓе меѓу кои и многу странски гости.

Ковчегот со телото на Мандела еден ден пред погребот е донесен во неговото родни место, а членовите на неговото семејство учестуваа во традиционалното ноќно бдеење покрај телото и ритуалниот танц и песните со кои се слави животот на Мандела и неговото патување во другиот свет.

Мандела ќе биде закопан во семејната гробница, покрај неговата мајка и своите три деца. Ќе биде погребан според тамошните обичаи, односно ќе се пеат песни во кои се слави неговиот живот и делување.

Додека беше изложено телото на Мандела во Преторија, најмалку 100 илјади луѓе му оддадоа последна почит, збогувајќи се со борецот за правата на Африканците.

Мандела почина на 5 декември во 95 година од животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top