Групата Нокаут и кумановскиот рапер Тајзи ќе пеат за Нова година на Градскиот плоштад во Куманово, oбјави порталот „Куманово њуз“.
-Концертот на Нокаут ќе трае два часа, откако предходно ќе настапи Тајзи.Се надеваме дека направивме добар избор и ќе има интерес кај публиката. Планираме да поканиме и дувачки оркестар кој ќе настапи на полноќ, по што ќе следи спектакуларен огномет – вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.
За новогодишната прослава предвидени се околу 6.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.