Снежна бура го зафати Израел, најголема во последниве 130 години, објави телевија „Телма“. Снегот целосно го парализираше Ерусалим и уште четириесетина градови и села, кои заради невремето се отсечени од светот. Повеќе од 30.000 израелски домаќинства се без струја, и без можност да обезбедат основни намирници.
-Заглавена сум тука во Ерусалим, веќе два дена во станот на сестра ми, нема струја, па одиме од стан до стан да се стоплиме и да земеме храна. Среќна сум што ќе се вратам во Тел авив, Сиетванит Тзирнишки-жител на Тел Авив.
Веќе трет ден по ред сообраќајот во двата правци на двата автопати кои водат кон Ерусалим е во прекин и градските власти им советуваат на граѓаните да не ги користат автомобилите.
Во некои област на Израел во текот на последните 24 часа паднале и до половина метар снег, што речиси половина век се нема случено во оваа блискоисточна земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.