| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре фискалните сметки ќе се оставаат во кутии на плоштадот Македонија

Петнаесет дена по почетокот на наградата игра „Фискална во рака-награда без мака“ доаѓа до измена на начинот на испраќање. Имено од утре коверитите со фискалните сметки ќе се уфрлуваат во кутии на Лотарија на Македонија кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија во Скопје, во рамки на наградната игра „Празнична среќна бајка“ шти ја организира Лотарија на Македонија.

И учесниците од другите градови во Македонија ќе може да го искористат доагањето во Скопје за прошетка низ празнично уредениот град, а ќе добијат и информации за учеството во првото коло од играта, за кое извлекувањето ќе се одржи на 30 декември, а за кое се резервирани наградите: стан, дуќан, автомобил и триесет вредносни ваучери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top