Плоштадот Македонија годинава за новогодишните и божиќни празници ќе го краси златната елка висока 18 метри, која вчера почна да се поставува на просторот меѓу фонтаната „Воинот на коњ„ и кафеаната „Пелистер“. Годинава ќе биде поставена уште една новогодишна елка, помала и во среберена боја на плоштадот Карпошово востание.

И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата „Линк медија плус“ која има задача до 15 декември да му го облече новогодишното руво на градот.
На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери. Булеварот Партизански веќе го красат светлечки фигури во облик на снегулки.
Повеќе фото на Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зошто се издвојуваат илјадници евра за украси, а децата на -30 просат по улиците
-
Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божикната елка во родното место на Исус
-
Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк
-
Eлка на средина и шанк под неа – Шилегов го објави планот за украсување


