Грчката полиција заплени 185 килограми албанска марихуана во близина на селото Калпаќ, во близина на преминот Какавија на грчко- албанската граница.
Како што јави дописникот на МИА од Тирана, дрогата била откриена во возило со кое управувал албански државјанин, кого полицијата го уаспила. Марихуаната била илеглано внесена на грчка територија, а крајната дестинација била Атина.
Пред два дена грчката полиција, заплени 891 килограми марихуана и уапси тројца албански државјани на возраст од 29, 30 и 33 години.
Италијанската полиција пак заплени шест тони албанска марихуана, чија вредност на пазарот достигнува 10 милиони евра. Припадниците на „Гуарда ди финанца“ уапсиле голем број членови на организирана нарко-група, повеќето од нив Албанци. Со организацијата раководело албанско семејство кое дрогата ја носело од Албанија, додека албанско-италијанска група ја продавала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


