| четврток, 6 декември 2018 |

Сонце и температури за мерак

Уште 17 дена остануваат додека да ја испратиме оваа 2013 година. Денешниот ден ќе трае девет часа и 10 минути.

Времето низ целата земја ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а по котлините ќе биде претежно тивко.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус еден, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и тивко. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови ќе има ниски утрински температури, а преку денот ќе има затоплување и ќе биде релативно топло за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top