| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски им честиташе на Албанците: Кршењето на цар Душан е висок македонски државотворен чин

Жестокото спротивставување на Aлбанците за споменикот на Цар Душан е висок македонски државотворен чин, рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Патот кон“, на телевизија АлсатМ,  кој не може да го разбере молчењето на Македонците.

Претседателот на новата партија Алијанса за Позитивна Македонија, Љупчо Зиков, смета дека тајното поставување на споменикот и дистанцирањето на институциите ја предизвика реакцијата на Албанците.

Георгиевски синоќа ја редифинираше својата оцена за тоа дека и 20 години по независноста Македонците остануваа про-југословенски ориентирани.
Гостите се согласија дека поделбата меѓу Македонците и Албанците е на критична точка и дека треба да се работи двата народа да се приближат, заради заедничките државни интереси и евроинтегративните процеси на земјата.

Повеќе на видеото на Алсат М

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top