
Од увидот на убиството на Мухамедали Јашари
Семејството Јашари од Кондово покрена обвинение против Министерството за образование, Градот Скопје и општината Карпош, објави Алсат М.
Бара законска отштетата за убиството на нивниот син Мухамедали Јашари. Тоа се случи пред две години во дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“. Пријавата уследи по исцрпувањето на сите можности отштетата да се оствари преку вонсудски пат со наведените институции. Вредноста од 11 милиони денари, која се бара како отштета, според адвокатот Оливер Вуксановиќ е симболична во споредба со доживеаната болка од страна на членовите на семејството.
“Сметам дека се исцрпени сите можности за вонсудско спогодување со институциите, на кои во повеќе наврати им се обративме и остваривме контакти. Незванично добивме согласност дека институциите треба да го обезштетат ожалостеното семејство, но дека заради непредвиденоста во Буџетот не можат да идат на вонсудско спогодување. И бараат проверка на наводите, на барањето за вонсудско спогодување во една контрадикторна судска постапка, затоа и поднесена тужбата”, изјави Оливер Вуксановиќ, адвокат
Адвокатот вели дека пријавата се заснова на повеќе закони, како и врз стратегијата за намалување на насилството во училишта во Македонија донесен во 2012 година, а иницирана по случајот Јашари. Доколку и оваа форма не успее, адвокатот не ја исклучува можноста предметот да го достави во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург. Младиот Михамедали Јашари го загуби животот во април 2011 година во дворот на средното училиште, откако се обиде да го одбрани неговиот пријател кој бил нападнат од две други лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


