
Полицијата поднесе кривична пријава против А.С.(37) од Скопје, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 2-ри минатиот месец во Градскиот трговски центар при извршен визуелен преглед кај пријавениот е пронајден пиштол „глог“ со девет куршуми кал. 9 мм, информираат од полицијата
Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот пиштолот го набавил пред два месеци од Косово за цена од 400 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


