| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец фрлил 10.000 евра во Дрисла и никогаш не ги нашол

дрисла

Пластични шишиња, храна, облека, во скопска Дрисла има се, па дури и пари. По грешка граѓани во ѓубре фрлале и по 10 илјади евра, па потоа оделе да ги бараат во депонијата. Некои ги наоѓале, други ги изгубиле во отпадот засекогаш, а трети најверојатно усреќиле некој друг, пишува Вечер.

Така некој човек од Драчево во кантата за смет по грешка ја фрлил кутијата во која чувале 10 илјади евра. За среќа, човекот се сетил на парите уште истиот ден кога дошол камионот да го собира сметот.

Сепак, ваква среќа немал еден тетовец кога ѓубрето од неговиот град се уште се складирало во Дрисла. По свадбата накитот за невестата кој бил складиран во кутија и најверојатно бил во вредност од 10 илјади евра неговата мајка не знаејќи дека во кутијата има накит ја фрлила во кантата за ѓубре. И тој возел со автомобилот по шлеперот што го пренесувал ѓубрето се до Дрисла, но назад се вратил со празни раце.

Како поголема сума пари која завршила меѓу отпадот во депонијата се и 70 илјади долари исто така на некој тетовец, но и тие не биле пронајдени. Се случувало и вработени од депонијата и неформални собирачи на смет да наоѓаат и пари со помала вредност од 200-300 долари, а најден е и златен прстен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top