Меѓународната автомобилска организација (ФИА) го прифати и претстави новиот правилник за доделување казни во светот на Формула 1.
Во однос на минатата сезона се случија неколку промени, но она што е најважно е собирањето казнени поени во текот на трката. Возачите што ќе направат судир или ќе создадат опасна ситуација на патеката, веќе нема да бидат казнети со одење преку боксот, тие ќе собираат казнени поени во текот на сезоната. Доколку возачот собере 12 поени, ќе биде суспендиран и нема да смее да вози на следната трка.
Во зависност од тежината на делото ќе се доделуваат поени, два, три или пет и ќе останат запишани 12 месеци пред да бидат избришани. Треба да се напомене дека бодовите се пренесуваат од една сезона во друга, тоа значи дека тие не се бришат по завршувањето на актуелната.
Оваа промена строго ќе ги казнува оние што често прават прекршоци во возењето и предизвикуваат сообраќајни несреќа.
Поостра ќе биде казната за невнимателно излегување од боксот за време на слободниот тренинг, квалификациите и трката. Ако возачот за време на тренингот и квалификациите биде невнимателно пуштен од боксот, ќе добиете казна од деградација на стартот на трката. За тоа ќе одлучат судиите на самата трка. Ако возачот невнимателно излезе од боксот во текот на трката, ќе добие казна до 10 места за следната трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.