Кристофер Еван Велч, актер кому бројните улоги на театарските сцени во Њујорк му донесоа и голем број филмски и телевизиски аранжмани, почина од рак на белите дробови.
Семејството на актерот, кој пошироката публика ќе го запамети по неговите улоги во сериите „Сопранови“, „Добрата сопруга“, „Закон и ред“ и „Рубикон“, соопшти дека Велч починал на 2 декември во Санта Моника на 49-годишна возраст.
Актерот, кој потекнува од Далас, во 2000 година доби награда „Obie“ за изведбата во претставата „Трамвајот наречен желба“, а минатата година тој почна да добива сѐ позначајни улоги во холивудските хит-филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.