| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва „Љубојна“ во Универзална сала

Публиката ќе има можност да ужива во едно и полчасовното шоу, преполно со музика, танци и автентично пеење. Ова богатство на музичка исполнетост има мисија да ве поведе низ егејските предели и Средоземјето на леандрите, портокаловите градини и свилената буба, застанувајќи за момент во Лерин, Костур, Воден, Меглен, Кукуш…

Во информацијата за настанот се вели: „Вера Милошевска и овој пат, заедно со женската пејачка група,од КУД ’Илинден‘ Битола, ќе ве растрепери со ’Мори чупи Костурчанки‘ и неповторливата ’Твоите очи Лено‘, во еден ортодокс гламур коконски стилски концепт. Вера во 2012 година влезе во најдобрите дванаесет гласови на Балканот, во ексклузивното издание ’Лес фемес дес Балканс‘ (Les femmes des Balkans). Тенденцијата на концертот е да ве држи од почеток до крај во тоа егзалтирано чувство на енергичниот химнично страстен и елегичен звук. Диригент на бендот, овој пат во брас манир, е Оливер Јосифивски, a cолист на труба е виртуозот Џамбо Агушев. Ланската промоција на ’брас фантаси“ даде неколку успешни соработки. Имено ’Љубојна‘ оствари неколку ексклузивни снимки со Хусни Шенлендириџи, кларинетистот од ’Таксим трио‘, за неговата емисија“.

Годинава албумот излезе и за турскиот пазар под капата на истанбулската издавачка куќа „Етерна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top