| четврток, 6 декември 2018 |

Спроведени бесплатни ортопедски прегледи на 250 деца

Ортопедските прегледи на децата од градинките и од предучилишна возраст продолжуваат и во општините Аеродром и Гази Баба. Во оваа фаза беа опфатение четири градинки од двете општини со што беа прегледани околу 250 деца. Прегледите се спроведуваат од стручниот тим од „Ре-медика’ предводен од Д-р Димитар Споа, ортопедски хирург.

– Иницијативата што ја почнавме на Интернационалниот ден на детето, продолжува со целосно заокружување на целта односно спроведување бесплатни ортопедски прегледи за децата во предучилишна возраст. Возраста од четири до шест години е многу критична за појава на неколку ортопедски неправилности, затоа сакаме да ги следиме уште во сам почеток и со тоа да превенираме колку што е можно повеќе појава на ортопедски проблеми и да придонесеме кон израстување на здрави генерации – изјави Д-р Димитар Споа, ортопедски хирург во „Ре-медика“.

ortopedija deca

 

Сѐ поголемиот број случаи регистрирани со неправилности во локомоторниот или мускулоскелетниот систем, го наведоа тимот на „Ре-медика“ да ја почне иницијативата. Спроведувањето контролни ортопедски прегледи е единствена превенција од можни ненавремено дијагностицирани заболувања. Крајната цел е кај родителите да се поттикне размислување за редовни ортопедски прегледи.

Прегледите содржат преглед на телото, анализа на одот, мерење на физиолошкиот или патолошки опсег на движење на екстремитетите, мерење на сводот на стапалата со плантометар и мерење на `рбетни искривувања со помош на сколиометар. Секое дете на кое ќе биде извршен преглед ќе добие писмен наод потпишан од докторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top