Две лица Н.В. (21) и неговиот сопатник С.А. (21) од Скопје, синоќа се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во еден часот по полноќ, на крстосницата меѓу булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Кузман Јосифоски Питу“, кај Народна банка, информираат од СВР Скопје.
Според податоците на полицијата, во несреќата учествувале три патнички возила „опел вектра“ и две возила „шкода“, сите со скопски регистарски таблички, а повредените веднаш се пренесени во Ургентниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


