| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во рудник во Кина, затрупани 22 рудари

Најмалку 22 рудари утрово останаа затрупани во еден рудник за јаглен во кинеската провинција Чангџи откако дошло до експлозија во рударската јама.

Според локалните власти, во време на експлозијата во рудникот имало најмалку 34 рудари, од кои 12 успеале да се извлечат од окното.

Во тек е акција на спасувачките екипи за доаѓање до затрупаните радури, за чија судбина нема никакви информации. Причините за експлозијата засега не се познати.

Експлозиите и несреќите се честа појава во кинеските рудници, каде што во најголем број случаи речиси не се почитуваат стандардите за безбедност при работа.

По зачестените несреќи, властите во Пекинг почнаа со засилени инспекции за почитување на безбедносните норми, што, сепак, доведе до намалување на бројот на жртвите при несреќите во последниве неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top