Во синоќешната програма на НБА-лигата беа одиграни два натпревари во кои Портланд ги победи „ракетите“ од Хјустон, а Бруклин беше подобар од Лос Анџелес Клиперс.
Играчот на Портланд Ламаркус Олдриџ постигна личен рекорд од 31 поен и фантастични 25 скока и беше предводник на Портланд во победата над Хјустон од 111-104. Робин Лопез постигна 16 поени и 10 скока. Портланд дојде до скор од 16 победи и четири порази, со што е втор најдобар тим во источната конференција.
Тимот на Бруклин победи на домашен паркет против тимот на ЛА Клиперс од 102-93. Ова е трета победа едноподруго за Бруклин и полека влегуваат во форма во продолжение од шампионатот и борба за едно од осумте места кои водат во плејофот.
Џо Џонсон и Ендрју Блаш постигнаа по 21 поени, додека Дерон Вилијамс реализираше 15 поени. Кај поразените се истакна Крис Пол со 20 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.