| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска црвен тепих за граѓаните во Владата на Македонија

vlada

Во Владата на Република Македонија денеска попладне ќе се одржи манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“, во чии рамки граѓаните ќе имаат можност да ја посетат Владата и ќе можат непосредно да се запознаат со работата, начинот на функционирање, спроведување на владините политики, како и со организација на нејзината работа.
Во рамките на обиколката на зградата ќе бидат опфатени и салата за билатерални средби, кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top