| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки „четник“ под истрага на грчката армија

cetnik

Генералштабот на грчката војска поведе истрага против потпоручникот Александар Касидиарис, кој е фотографиран со нацистички поздрав и гол до појас, а на стомакот има истетовирано „четник“.

Според грчките медиуми, полициската истрага открила повеќе фотографии и снимки на кои истакнати личности на неонацистичката партија Златна зора зборуваат за нивната идеологија и активности.

Братот на Александар Касидиарис, Илијас, е еден од најистакнатите функционери на Златна зора и портпарол на партијата. Јавноста го памети по минатогодишниот инцидент кога во емисија во живо на грчка телевизија и удри шлаканица на Лијана Канели од Комунистичката партија. претходно пак, со вода го поли пратеникот од левичарската коалиција СИРИЗА.

Илијас со уште неколку функционери на неонацистичката партија беше уапсен на 28 септември под обвинение дека се дел од криминална организација. Се товарат за убиство, изнуда и учество во исчезнувањето на 100 имигранти во Грција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top